Cafe Del Mar

Диета на поени

Диетата со исхрана на поени ја дели храната во три бои (зелена, жолта и црвена). Боите се како кај семафорот. Оваа диета можете да ја прилагодите според себе самите, како што ви е најзгодно. Препорачливо е да се консумира најмногу зелена храна, помалку жолта и најмалку црвена храна. Идеален сооднос на поените е: 30 зелени, 18 жолти и 5 црвени. Ако сакате да изгубите тежина, дневната доза е 40 поени. Ако сакате да ја задржите тежината, идеалната доза е 60 поени.

Зелени поени

  • 100 г леб, ориз, компир – 6 поени
  • 100 г банани – 4 поени
  • 100 г моркови, кељ, праз, мандарини – 2 поени
  • 100 г спанаќ, јаболка – 1 поен

Жолти поени

  • 100 г свинско месо – 6 поени
  • 100 г говедско месо, пилешко месо, сардини – 4 поени
  • 100 г јогурт, млеко и 1 јајце – 3 поени
  • 100 г ослиќ – 2 поени

Црвени поени

  • 20 г  чоколадо, 125 г пудинг – 4 поени
  • 25 г бисквити, 15 г чипс, 10 парчиња крекери, 2 дл пиво или вино – 3 поени
  • 1 лажичка мед  или шеќер – 2 поени
  • 5 парчиња солени стапчиња – 1 поен

Напиши коментар