← НАЗАД НА БОЗА

Диета со риба и морски плодови

Диета со риба и морски плодови
349 Читања

Морската диета вклучува главно риба и морски плодови. Со оваа диета која трае 3 седмици можете да ослабнете и до 10 килограми. Истовремено и желбата за секс се зголемува, бидејќи не е тајна дека морската храна е природен афродизијак.

Наутро може да се јаде, односно да се избере едно од ова: порција кисело млеко 300 гр, овошје по избор еден број, парче црн леб со малку сирење, шејк од банана, овесни јатки со јогурт. Најдобро е да ги менувате оброците секојдневно, но да бидат од наведените погоре.

Главното јадење е порција риба или други морски плодови на скара или печени во количина приближно 200 гр, заедно со зеленчук на пареа или свеж зеленчук.

Вечера: свежа салата, парче моцарела, грејпфрут и 400 мл зелен чај без шеќер, со малку мед. Исто така се препорачува и наутро да се пие истата количина зелен чај.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk