Одлична летна диета, која покрај тоа што ќе ви помогне да ги изгубите саканите килограми, на вашиот организам ќе му даде одредена количина на протеин, здрави масти и витамин Б.
Туната е позната по тоа што помага во борбата против дебелината, како и спречување во појавата на дијабетес.
Богата е со селен, кој е одговорен за зајакнување на имунолошкиот систем.
Поради маснотиите кои оваа риба ги содржи, научно е докажано дека активно учествува во превенција од рак на дојка. Витаминот Б од месото на оваа риба ќе му помогне на вашиот организам да го приспособи бројот на црвени крвни зрнца.
Исто така, важен е и фактот дека витаминот Б учествува во забрзување на метаболизмот!
Ви ја претставуваме диетата со туна:
За три дена губите 1.5 килограми.
Оваа диета во суштина се држи по принцип, 3 дена јадете туна, а преостанатите 4 се храните нормално, но без претерување. А потоа повторувате.
Секој ден порцијата со туна е задолжителна, а во текот на трите дена можете да пиете само чај, црно кафе и вода.
Прв ден:
Појадок: шоља црн чај или кафе, ½ грејпфрут или сок, 1 тост лепче намачкано со путер од кикирики / сусам.
Ручек: 100-150гр салата со туна во комбинација со рукола, краставица, 1 помал домат, 1 лажица од пченка или варена леблебија, една чаша црно кафе или чај.
Вечера: 100 гр варено говедско месо, 200гр динстана боранија, 200гр рендан морков (по желба додадете неколку капки од лимон), околу 100 гр пудинг од ванила, 1 јаболко, шоља кафе, чај или вода.
Втор ден:
Појадок: 1 чаша црно кафе или чај, едно варено јајце, тост, и банана.
Ручек: 200g туна, 5 крекери, да се напијат кафе, чај или вода.
Вечера: 200 гр печени пилешки гради, 100 гр варен морков, 200 гр брокула на пареа, 1 банана, 100гр пудинг од ванила, една чаша црно кафе или чај.
Трет ден:
Појадок: чаша црно кафе или чај, 5 крекери, 30гр сирење и едно јаболко.
Ручек: едно варено јајце, 1 тост лепче, една чаша црно кафе или чај.
Вечера: 200 гр туна, 100гр варен морков и 100гр карфиол, 1 круша, 100гр пудинг од ванила и една чаша црно кафе или чај.
Напомена, за да го забрзате процесот на губење тежина вечерата треба да ја консумирате околу 18 часот. Препорачливо е да бидете спортски активни. Исто така, јадењата со говедско месо и пилешко можете да ги замените со туна.
