Белата боја најчесто е основна боја на свадбените церемонии и доминира кога е во прашање невестинскиот фустан. Таа симболизира чистина и невиност. Сепак, ви претставуваме 10 начини на кои можете да внесете боја и да го разиграте вашиот невестински стајлинг:
Носете чанта: Чантите во различни бои се навистина интересен и впечатлив моден детал.
Болеро: Изберете болеро во некоја нежна нијанса на розева или шеќер боја.
Обетки: Обетките може да бидат навистина впечатлив дел од вашиот стајлинг. Изберете големи обетки во силни бои, како на пример тиркизна или виолетова.
Фустан во друга нијанса: Доколку не сакате бел фустан, изберете некој материјал кои ќе се прелева во друга нежна нијанса.
Вештачки цвеќиња: Украсете ја вашата коса со некој интересен вештачки цвет.
Природни цвеќиња: Доколку вашата свадба е во природа, изберете интересен венец направен од природни цвеќиња.
Смели чевли: Чевлите во некоја смела и силна боја се навистина впечатливи и уникатни.
Ракавици: Изберете ракавици во различни дезен или боја кои ќе го отсликуваат вашиот моден стил.
Вел: Доколку вашиот невестинси фустан е бел, немора да изберете вел во бела боја, бидејќи навистина интересно изгледаат веловите во светли корални, кремасти или азурни нијанси.
Наметка: Изберете наметка во нежни или пак силни бои, која ќе го отсликува вашиот карактер.
