Здраво тело

Домашен антибиотик што ги уништува токсините во телото

Овој природен антибиотик може да излекува различни инфекции и болести, а истовремено има и детоксикациски ефект врз телото. Можете да го подготвите во вашата кујна, а неговите лековити својства ќе го зајакнат вашиот имунитет и ќе ве направат поздрави.

Еве што ви е потребно:

1 главица лук (ситно сечкан)
1 корен од рен (рендан)
1 лута пиперка (или 2-3 помали) (ситно сечкана)
1 главица кромид (ситно сечкан)
1 корен од ѓумбир (рендан)
3,5 литри јаболкова киселина

1.Исечкајте ги и изрендајте ги сите намирници.

2.Измешајте ги во една поголема стаклена тегла која треба да биде исполнета ¾.

3.До врв наполнете со јаболкова киселина, и уште еднаш добро промешајте.

4.Теглата оставете ја на темно и ладно место, да отстои две седмици. Промешувајте одвреме навреме.

5.Потоа процедете нив двојна газа.

Иако нема пријатен вкус, тоникот има многу лековити својства. За одржување на имунитетот, пијте по 30 мл дневно, 2-3 пати во текот на денот.
Тоникот се пие нерастворен! Се чува малку во устата, се прави кратка гаргара и се проголтува.
При болест и инфекција, може да се пие 5-6 пати во текот на денот. Безбеден е за бремени и деца, но во помали количини.

Напиши коментар