Убавина

Домашен третман против целулит

 

Летото е тука, сезоната на одмори е веќе почната.

Убава кожа без целулит е нешто што секоја жена го посакува. Кожата со налик кора од портокал е непријателот кој не може лесно да се надмине, но затоа сите ние користиме многу трикови за негување на кожата кои имаат различна ефикасност. Еден од тие тркови е пилингот со кафе.

Кафето содржи голема количина на антиоксиданси кои му помагаат на телото да се ослободи од штетните материи. Помага против надуеност, го регулира метаболизмот, ги топи мастите…

Рецептот е многу едноставен.

Потребни состојки:

2 лажици кафеав шеќер

3 лажици кафе

Маслиново масло, неколку капки по потреба

Употреба:

Пилингот користете го за масажа на проблематичните делови.

 

Write A Comment