Состојки:
- 1 кг компири
- рузмарин
- магдонос
- лук во прав
- масло
- лута пиперка
- мелен бибер
- кашкавал
- сусам
Начин на подготовка:
Исчистете ги компирите, па исечете ги на тенки листови.
Насечете рузмарин, магдонос, додајте 1 лажица лук во прав, 50 мл масло, малку точлена лута пиперка, бибер и добро измешајте ги сите состојки.
Добро намастете плех за мафини, па загрејте го во рерна. Редете ги листовите компир и полнете ги калапите за мафини, додавајќи од смесата зачини.
Од горе посипете изрендан кашкавал и сусам.
Печете на 200-250 степени додека не порумени. Послужете како прилог или главно јадење!