← НАЗАД НА БОЗА

Дознајте: Дали е потешко да одгледувате момче или девојче

Дознајте: Дали е потешко да одгледувате момче или девојче
198 Читања

Сигурно сте слушнале досега различни ставови, па додека едни сметаат дека потешки за чување и воспитување се момчињата, други го мислат ова за девојчињата. Еве неколку научно докажани факти во врска со секој пол, а вие донесете си свое мислење.

За момчињата важи дека се потешки за одгледување во првите години од животот затоа што се многу поживи и понемирни додека девојчињата влегуваат во „тежок“ период во периодот пред адолесценцијата кога кај некои од нив почнуваат проблемите со прифаќањето на сопственото тело. Во тинејџерскиот период двата пола се ужасно тешки за одгледување. Но, дали е тоа вистина или стереотип? Еве некои наулно докажани факти за секој пол, а вие самите судете што е „потешко“:

Зошто да се зборува со момчињата е понекогаш исто како да се зборува со ѕидот?
Можеби причина за ова е тоа што од раѓање тие едноставно не слушаат толку добро како девојчињата. Една студија од 2007.година направена во Стокхолм врз 30.000 новородени бебиња, утврдено е дека сетилото за слух кај девојчињата е „малку, но значајно“ подобро отколку кај момчињата.

Дали девојчињата и момчињата размислуваат различно?
Да! Истражувањата покажуваат дека „поврзувањето“ и до 80 отсто од мозозкот зависи од полот. За разлика од мозокот на момчињата кој е 6 до 10 отсто поголем, мозокот на девојчињата во просек има повеќе „врски“. Покрај тоа, делот што ги поврзува левата и десната страна на мозокот е поголем кај девојчињата што може да значи дека девојлиуњата можат побрзо да ја користат и левата и десната страна од мозокот.
Зошто момчињата повеќе сакаат да си играат со нешто механичко, а не со кукли?
Според психолозите од Универзитетот во Кембриџ, момчињата сакаат да гледаат механички движења повеќе отколку човечки. Кога на момчиња на возраст од 12 месеци ќе им се даде да бираат помеѓу гледање во луѓе како зборуваат или во бришачите на стакла кои се движат, тие биле восхитени од бришачите.
Друго истражување покажало дека момчињата се два месеци пред девојчињата по прашање на разбирањето на законите на движењето – на пример, што ќе се случи кога ќе ја турнете топката.
Мојот син е сниман 100 пати на рентген, додека ќерка ми имаше само снимање на забите. Дали тоа има врска со полот?
Бројките зборуваат сами за себе – според статистиките, годишно имаат речиси наполу помалку хоспитализации на девојчиња отколку на момчиња воопшто, а што е уште поизразено кај момчињата на возраст помеѓу 10 и 14 години кои се повеќе од двојно хоспитализирани заради повреди отколку девојчињата на иста возраст.
Дали е вистина дека девојчињата побрзо го совладуваат јазикот од момчињата?
Податоците од повеќе истражувања го покажуваат следното:
• Девојчињата почнуваат да зборуваат порано и зборуваат поразговетно од момчињата.
• Просечно 20-месечно девојче има двојно побогат речник од просечно 20-месечно момче.
• Постои многу поголема веројатност момчињата да пелтечат.
• Во подоцнежна возраст нема разлики во богатството на речникот но девојчињата се повешти во граматиката.
Дали е вистина дека е помалку веројатно момчињата да имаат проблеми со самодовербата?
Истражувањата покажале дека девојлчињата израснуваат со помалку самодоверба и се понесигурни од момчињата затоа што се програмирани „да ги задоволуваат, односно, да ги исполнуваат очекувањата на другите“. Но, дали тоа доаѓа од некоја прилчина која е поврзана со полот или од културолошкиот и притисокот на општеството врз девојчињата да ги ставаат туѓите потреби на прво место, не е познато.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk