Мојата кујна

Џем од манго и киви

Вкусен овошен џем од тропско овошје…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 3 мали теглички:

2 манга

½ килограм киви

500 грама шеќер

2 децилитри сок од јаболко

2 вреќички желатин

1 вреќичка лимонска киселина

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Излупете ги овошјата, на мангото отстранете му ја семката. Овошјето исечете го на мали коцки. Додадете го сокот од јаболко, па желатинот кој претходно сте го измешале со шеќерот. Убаво измешајте и смесата  оставете ја отстои 1 час.

Ставете ја смесата од овошје во поголем сад и вклучете на најјак оган. Од кога ќе завари варете уште 10 минути. На тацна извадете малку од џемот и проверете дали се желира. Почекајте малку (околу 1 минута) и поставете ја тацната на косо,. Доколку џемот потече тогаш варете уште 10 минути. По 10 минути џемот е готов. Тогаш додадете те ја лимонската киселина. Убаво измешајте.

Џемот излијте го во мали теглички со навој. Затворете ги тегличките убаво и превртете ги на капачињата и оставете ги да потстојат во таа положба 15 минути. Потоа вратете ги во првобитната состојба. Џемот чувајте го фрижидер!!!

Уживајте во тропскиот вкус !!!

Напиши коментар