Ѕвездената двојка Амал и Џорџ Клуни го збогатија своето имотно портфолио со нов луксузен стан на Менхетен, во нова зграда што треба да се комплетира следната година, кога се предвидува дека ќе се вселат. Зградата One Hundred East Fifty Third Street има 63 ката, направена е во модерен минималистички стил по дизајн на славниот архитект Норман Фостер, и иако на момент ќе си помислити дека се одлучиле за најлуксузниот стан – пентхаусот кој чини 65 милиони долари, сепак двојката Клуни се одлучила за стан на 49-от кат. Модерната зграда се наоѓа во близина на седиштетот на Обединетите нации, каде Амал како адвокатка за човекови права, често работи.
Становите во One Hundred East Fifty Third Street имаат простории со високи тавани кои се одлично осветлени благодарение на прозорците од земја до плафон. Според првичните нацрти и рендери станот на Клуни ќе биде модерно декориран. Станарите во оваа зграда на располагање ќе имаат многу погодности, како на пример 24-часовен консиерж, библиотека, луксузни заеднички простории, продавница со деликатеси, базен и вежбална, сауна и спа центар, библиотека, потоа луѓе кои ќе бидат задолжени за организирање патувања, личен шопинг и други менаџирања, а на првите катови ќе има ексклузивен ресторан во кој храна ќе подготвува познатиот француски готвач Жоел Робушон и во доколку сакаат станарите може да јадат во приватна просторија.