Скриено во недопрениот дел од северните корални острови на Малдивите се наоѓа ова луксузно одмаралиште The Beach House Maldives. Комбинација од модерно и лежерност, ова луксузно одмаралиште ги поддржува највисоките стандарди на современоста, а воедно ги одржува и домородните традиции и автентичен амбиент. Овој идиличен и ексклузивен објект се наоѓа на 35 хектари приватен остров, кој е сочинет од две половини. Едната е од бел песок, а другиот дел од џунгла.
Погледнете ја внатрешноста на овие куќи направени од слама од надворешниот дел, а внатре богато и луксузно уредени. Секоја од куќите има неверојатен поглед кон вода кој плени. За дополнителен гламур и удобност, целите куќи се отворени од напред со огромени стаклени лизгачки врати.
Ова е вистински рај за оние кои ја ценат убавината на животот.


















