Разгледајте ја виртуелно оваа преубава куќа која се наоѓа во Шпанија. Ќе ве импресионира нејзината софистицираност, едноставност и елеганција.
При уредувањето не се користени никакви спектакуларни украси, оставено е сé на едноставноста, а сепак крајниот резултат е воодушевувачки. Надворешниот дизајн на куќата го красат големи камења и големи врати, кои дозволуваат природната светлина да навлезе длабоко во внатрешноста на куќата.



