Нездравиот начин на живот и исхрана, слабата физичка активност, алкохолот и цигарите си го земат својот данок. Тоа е причината за масните наслаги наталожени по вашето тело и здравствените проблеми со кои се соочувате.
Една чаша од овој коктел кој би требало да го конзумирате секојдневно, наутро на гладно, ќе ве ослободи од сите потешкотии.
Со помош на овој коктел ќе го прочистите организмот од токсини и ќе ги намалите килограмите.
Состојки:
1 супена лажица јаболков оцет
1 супена лажица рендан ѓумбир
1 чешне лук
½ авокадо
30 гр спанаќ
1 супена лажица мед
1 грст нане и магдонос
½ чаша вода
Подготовка:
Авокадото се лупи и се сецка на коцки, а спанаќот, магдоносот и нането се мијат добро. Во блендер ставете ги авокадото, спанаќот, нането, магдоносот, оцетот, водата и лукот и добро измиксајте. На крај додадете мед и ѓумбир и повторно измешајте. Коктелот се пие наутро, на гладно секој ден.