Cafe Del Mar

Едноставни совети за брзо губење на тежината

Сакате да изгледате поубаво и послабо? Нема потреба да гладувате и да држите ригорозни диети. Доволно е да ги промените навиките и да водите сметка на тоа што, кога и како јадете.

Ако секојдневно ги планирате оброците, џвакате полека, не грицкате додека гледате телевизија, го зголемите внесот на овошје и зеленчук и ја намалите масната храна во своето мени, резултатите со сигурност нема да изостанат.

-Водете евиденција што сте јаделе и пиеле во текот на денот. Не мора да ги броите калориите, само запишете ја приближната количина.

-Преполовете го внесот на сите масти. Тоа значи да употребувате помала количина на путер, масло, пецива, компири, мајонез…

-Слатки, чоколади, колачи…јадете само три пати неделно.

-Почесто внесувајте храна богата со протеини, а сиромашна со масти: пилешко, риба, грав,сирење или јогурт со ниско ниво на млечна маст. Јајца, ореви и црвено месо ќе користите повремено, не секој ден.

-Најмалку еден ручек неделно, подгответе го без масо и сирење. Наместо тоа, ставете интегрални житарици, зеленчук или грав.

-Јадете најмалку две порции овошје дневно, за десерт или ужинка.

-Пијте вода, наместо сок избегнувајте го соковите, млачните напитоци и алкохол. Чаша млака вода со парче лимон наутро може да ве освежи и да ви го намали апетитот.

-Јадете повеќе зеленчук за ручек и вечера.

-Јадете бавно. Додека во вашиот мозок дојде информацијата дека сте сити,вие веќе сте прејадени.

-За ужина јадете рендан морков. Морковот е вистинска фабрика на витамини.

-Користете цели зрна од житарици кога е тоа возможно. Влакната помагаат во варење на храната и ви даваат чувство на ситост.

-Изберете храна која се џвака. Тоа значи дека наместо треба да изедете некое овошје или наместо масна супа, житарици. Џвакањето ќе го зголеми чувството на ситост.

-Планирајте ги своите оброци. Придржувајте се на планот и секогаш при рака ќе имате здрава храна. Ако не се задржите по планот, поголеми се шансите да посегнете по високо калорична храна.

-Секогаш исклучете го телевизорот додека јадете. Исто така, заборавете на грицките додека гледате филм. Истражувањата покажуваат дека внесуваме поголеми порции пред телевизор, веројатно затоа што сме помалку свесни за тоа што и колку јадеме.

Напиши коментар