Овој дом во предградието на Сан Франциско обезбедува место за релаксација и бегство од урбаното секојдневие, како за сопствениците, така и за нивните гости. Оваа прекрасна резиденција има очигледна врска со надворешниот свет и еко карактеристики кои остануваат неоткриени за очите на случајните минувачи. Се одликува со многу зелени елементи во дизајнот.
Освен прекрсниот екстериер и чистиот и едноставен ентериер, куќата е многу по-екологична одошто изгледа. На покривот се наоѓаат соларни фотонапонски панели и сончев систем за топла вода.
И покрај високите температури во летната сезона на најјужниот дел на полуостровот, во домот нема клима и семејството се потпира на природна вентилација.








