Cafe Del Mar

Екстремно слабеење – 5 кг за 3 дена

Ниту една диета која постигнува брзи резултати не е препорачлива бидејќи со неа се предизвикува шок на целиот организам, но кога се случува некој важен настан, а од вас се бара да изгледате убаво оваа диета ќе ви помогне. Станува збор за диета со туна, која трае три дена а се губат 5 килограми.

Но, за да постигнете ваков резултат потребно е строго да се придржувате кон наведеново. Покрај тоа засладените пијалоци се забранети, а може да пиете само вода и природни сокови.

1. ден

Појадок:

Црно кафе или чај (користете диетален засладувач, ако мора) или вода

Сок од 2 портокали или 2 грејпфрута

1 парче црн тост и една лажица путер од кикирики

Ручек:

1 парче црн препечен леб

200 грама туна филети печени

Вода, сок, црн чај или кафе (со диетален засладувач)

Вечера:

150 грама риба или пилешко, печено или варено

200 грама грашок

200 гр рендан морков

Вода или црн чај или кафе (со диетален засладувач)

 2. Ден

Појадок:

Црниот чај или кафе (со диетален засладувач) или вода

2 белки од јајце

парче црн препечен леб

Ручек:

200 грама туна или урда

свежа сезонска салата, со многу малку маслиново масло и соја сос

Вода, сок, црн чај или кафе (со диетален засладувач)

Вечера:

150 гр пилешко варено месо

200 грама зелка или брокула на пареа

100 грама ситно сечкан или рендан морков

Вода, црн чај или кафе (со диетален засладувач)

3. Ден

Појадок:

Црниот чај или кафе (со диетален засладувач) или вода

Шејк од една банана и 200 мл млеко

Ручек:

3 белки од јајце

150 гр урда без сол

Вода, сок, црн чај или кафе (со диетален засладувач)

Ако се чувствувате многу гладни, доданете на оброкот и парче црн препечен леб

Вечера:

200 грама риба печена

200 гр карфиол и 100 гр морков на пареа како додаток

Вода, црн чај или кафе (со диетален засладувач).

Продолжете со диетата повторувајќи го истото мени, ако имате потреба од дополнително намалување на телесната маса. Но дозволени се само два циклуси еден по друг. Направете пауза од 2 седмици ако сакате да продолжите со трет и четврт циклус.

Напиши коментар