Елечињата повторно се вратија на модната сцена и сега се еден од највпечатливите детали во поголемиот број на модни комбинации. Пред некое време овој тренд беше запоставен и се сметаше за старомоден, но сега со полн сјај се врати на модната сцена. Креаторите му дадоа посебно место во своите колекции. Елекот е навистина лесен за комбинирање, а може да биде дел од елегантен, спортски или кежуал стил.

















