Мојата кујна

Енчилада-ориз приготвен во една тава

Состојки:

1 лажица масло
1 лажица лук
1/1 шолја црвен кромид
1 шолја бабури-црвени-зелени
1 шолја домати
3 шолји вода
1 и ½ шолја интегрален ориз
1 шолја црн грав
1 лажица кориандер
1 шолја доматен сос
1 лажичка чили во прав
1 лажичка ким
1 лажика сол
1 лажичка бибер
рендан кашкавал

На масло со пропржуваат лукот и кромидот, и се додаваат пиперките и доматите. Откако ќе се пропржат се вадат од тавата, во која се сипуваат три шолји вода, а во врелата вода се сипува оризот и се меша на потивок оган додека не се свари. Потоа во него се додаваат пропржените пиперки, црниот грав, кориандерот и доматниот сос, лажичка чили за љубителите на пикантниот вкус, лажичка ким, сол и бибер. Се промешува и пропржува, а на крај се додава рендан кашкавал, по желба.
На крај се става тавата во рерна и се пече на 200 степени целзиусови 20-25 минути и вашата домашна енчилада е подготвена.

Write A Comment