Sweet Home

Ентериер кој ќе ве освои

Живописниот истарски пејзаж секоја година привлекува безброј посетители од Хрватска и од странство. Врвни гастрономски задоволства, природа која повикува на уживање и можност за луксузно сместување се доволни Истра да биде запаметена како една од најпосакуваните дестинации во овој дел од Европа. Во самото срце на Истра се наоѓа вилата Ивано.

На беспрекорно уредената зелена површина доминира големиот базен долг 10 метри што е поврзан со тераса.
Терасата е уредена како простор за релаксација и јадење со рустикална дрвена маса за шест лица. Долниот кат е проектиран како проѕирен отворен простор во кој доминира модерна кујна со голема дрвена работна површина која може да послужи и како шанк.

Централниот дел на трпезаријата зафаќа голема дрвена маса за 10 луѓе. Топлата комбинација на дрво и цигли се испреплетува низ целиот долен кат со неодоливите парчиња на мебел во провансалски стил. На долниот кат се наоѓа и една спална соба која има дополнителен детски кревет. На горниот кат се наоѓа спална соба украсена во романтичен тон – со просторијата доминира голем дрвен кревет и простран плакар. Главната спална соба има и галерија во која се наоѓа и друг кревет. Вилата располага со две убави бањи на секој кат.

vila ivanov istra_07

vila ivanov istra_05

vila ivanov istra_10

 

vila ivanov istra_11

vila ivanov istra_12

vila ivanov istra_13

vila ivanov istra_09

vila ivanov istra_08

vila ivanov istra_01

vila ivanov istra_02

vila ivanov istra_03

vila ivanov istra_04

vila ivanov istra_06

Write A Comment