Здраво тело

Еве како да го обновите имунитетот за само 15 секунди!

Прочуениот московски специјалист за кинезитерапија, препорачува еден сосема едноставен метод, со кој што тој тврди дека може да го обновите имунитетот за само 15 секунди.

Дали имате проблем со слаб имунитет? Овој руски стручњак го нуди наједноставното решение!

Професор доктор Сергеј Бубновскиј, прочуениот московски специјалист за кинезитерапија, препорачува сосема едноставен метод за зајакнување на имунитетот:

Секоја вечер кога ќе се вратите дома после напорниот работен ден, сипете во кадата или во некој поголем сад 10-15 сантиметри потполно студена, речиси ледена вода. Никако не допирајте топла вода! Потоа влезете боси во кадата и тапкајте со стапалата по ледено студената вода само 10-15 секунди. Може и да затанцувате со некоја весела музика!

После тоа излезете од кадата, избришете ги стапалата со груб фротирски пешкир и облечете волнени чорапи. Така правете секоја вечер и ќе забележите значајно зајакнување на вашиот имунитет.

Ако веќе имате проблеми со некаква настинка или сте болни, тоа е причина повеќе за одлучно да го зајакнете вашиот имунитет. Во тој случај тапкајте со боси нозе по ледено студена вода на секои 4 часа.

Не плашете се дека само ќе ја влошите вашата состојба, напротив, со вакво калење на организмот со сигурност ќе го зајакнете својот имунитет, уверува доктор Сергеј.

Напиши коментар