Cafe Del Mar

Еве како на здрав начин да ги додадете оние неколку килограми кои ви недостигаат

Запомнете, важно е што јадете, а не колку јадете!

Иако повеќето жени се борат со вишкото на килограми, постојат и оние кои едноставно не можат да се здебелат онолку колку што сакаат, без оглед на тоа колку јадат. Еве неколку совети од лекари како на здрав начин да добиете неколку килограми:

Најважното правило за здрава линија е што јадеме, а не колку јадеме. Затоа, без оглед на тоа дали се обидувате да се здебелите или да ослабнете, водете сметка што внесувате во организмот. Пред да започнете, важно е да се подготвите на тоа дека станува збор за долготраен процес.

Здравото создавање на мускули не се случува преку ноќ, а целта не е да се добијат килограми создавајќи масно ткиво, а во исто време да останете здрави. Вашата мисија е да го зголемите внесот накалории, но преку здрави калории. Дали ќе бидат 500 или 1500, тоа зависи од метабилозмот и колку килограми сакате да добиете.

Како и при губењето на тежина, важно е да јадете повеќе оброци на ден (5-7), само што во овој случај мора да го зголемите внесот на протеини во комбинација со јаглехидрати. Протеините се важни бидејќи ги создаваат мускулите, а кога станува збор за јаглехидратите, избегнувајте шеќер и јадете ориз, тестенини и компири.

Внесете масти преку јаткасти плодови и храна како маслиново масло и путер. Важно е да не прескокнувате оброци, туку да задржите константен внес на калории. Во спротивно ќе се здебелите нездраво, односно ќе создадете масни наслаги. Во секојдневните навики, важно е да вклучите и вежбање, барем три пати неделно, за калорискиот внес да не се претвори во масни залихи и за да изградите убави мускули.

Write A Comment