Cafe Del Mar

Еве наколку начини да добиете рамен стомак без вежби и диети

Сите сакаме совршена фигура со што помал труд, иако знаеме дека тоа е речиси невозможно. Посебен проблем претставува стомакот кој е слаба точка на повеќето припаднички на понежниот пол. Сепак постојат начини да ги ублажите тие здодевни наслаги на стомакот и колковите.

1. Правилно држење

Секој добар тренер ќе ви каже дека без разлика на формата секогаш треба да бидете исправени. Освен што сите изгледаме поубаво кога телото ни е во правилна положба, со тоа што ќе се исправите и тонусот на кожата на стомакот и мускулите ќе бидат подобри.

2. Пијте вода

Сите веќе го знаете овој совет. Уште една причина да го почитувате ова правило е тоа што вашето тело станува вистинско складиште за вода, особено во пределот на струкот и стомакот, доколку не го снабдувате редовно со соодветното количество вода. Затоа треба да пиете околу 2 литри вода дневно.

3. Размислувајте додека јадете

Џвакајте го зекој залак барем 10 пати пред да голтнете. Во спротивно, недоволно изџваканата храна дополнително го оптоварува организмот бидејќи бара многу повеќе време и енергија за сосема да се свари во стомакот. Освен тоа, кога јадете брзо неминовно е да се наголтате воздух што повторно доведува до надуеност.

4. Избегнувајте гуми за џвакање

Научниците тврдат дека и гумите за џвакање најчесто предизвикуваат дуење на стомакот.

5. Шетајте 

Барем 30 минути интензивно движење дневно драстично може да ви го забрза метаболизмот и така да поттикне согорување на вишокот. Се разбира, и вежбите се добредојдени, но во тој случај избегнувајте справи кои ветуваат брзи и неверојатни ефекти и свретете се кон стандардните, традиционални вежби без реквизити.

6. Користете пробиотици

 Се разбира не секојдневно, туку секогаш кога мислите дека вашиот стомак не функционира како што треба. Пробиотиците содржат добри бактерии кои ќе му помогнат на стомакот при варењето и со тоа ќе спречат надуеност и тегоби.

7. Одмарајте се

Некогаш е тешко изводливо но неопходно. Преголемиот стрес и замор прават вашето тело да лачи хормони за стрес што создава масни залихи, главно во пределот на стомакот.

Напиши коментар