Не служи само за вадење на лакот од ноктите, со него можете да ја исчистите дури и тастатурата на компјутерот!
Исчистете ги дамките кои се наоѓаат на некој порцелански предмет – Внимателно тријте ја површината со мека крпа натопена во ацетон, а потоа исполирајте ја со памук.
Исчистете ги дамките од мастило – Со ацетон можете да отстраните водоотпорно мастило од вашата кожа, триејќи со топче памук.
Отстранете ги налепниците од стаклото – Со ацетон можете да ги отстраните сите налепници кои им даваат лоша слика на вашите прозорци или стаклени површини.
Исчистете го вашиот часовник – Со топче памук, кое содржи ацетон започнете внимателно да триете по површината на вашиот часовник се додека гребаниците не исчезнат или не станат помалку приметливи.
Исчистете ја компјутерската тастатура – Тастатурата на компјутерот можете да ја исчистите со ацетон и стара четка за заби. Нанесете ацетон на четката и со нежно триење започнете со чистење на тастатурата.
