Често пати роднините и пријателите ги советуваат родителите дека децата треба да спијат во посебна соба. Но факт е дека ни возрасните не сакаат да спијат сами, па зошто да се присилуваат децата на такво нешто.
Многумина мислат дека кога детето ќе наполни една година дека ќе спие цела ноќ. Но не е баш така. Децата се будат неколку пати во текот на вечерта, повторно сами заспиваат а понекогаш им треба родителска прегратка и блискост.
А за децата да имаат енергија во текот на денот им требаат и до 12 часа сон. Погрешните сфаќања дека децата и родителите треба да спијат одвоено, по секоја цена, најчесто резултираат со уморни деца и родители.