Доколку сте решени да го “опоравите” вашиот буџет и да заштедите на некои ситници, ова е вистинската работа за вас! Направете сами омекнувач за алишта со мирис по желба!
Примените на белиот оцет во домаќинството се бројни и многу корисни, а една од најпознатите е секако тоа што ефикасно го заменува купечкиот омекнувач за алишта, секако со некои додатоци.
На вашите алишта ќе им даде свежина и ќе го истакне мирисот на детергентот, додека неговиот сопствен мирис во текот на перењето во потполност ќе исчезне. Сепак, треба да се истакне дека белиот оцет никако не смеете да го мешате со избелувач за алишта.
Ова е наједноставниот и најповолниот омекнувач за алишта:
Состојки:
– еден филџан регенератор за коса ( може и најевтин)
– три филџани топла вода
– еден филџан бел оцет
– неколку капки етерично масло по желба ( лаванда, роза, портокал…)
Подготовка:
Балсамот за коса ставете го во поголем сад, па постепено додавајте топла вода, постојано мешаќи додека состојките не се соединат. Потоа додадете го белиот оцет и неколку капки етерично масло. Мешавината чувајте ја во затворен сад (на пример мала стаклена тегла). За секое перење користете ¼ филџан.
