Мојата кујна

Фантастичен колач со џем од малини

Потребни состојки:

160 г брашно

100 г шеќер

80 г бадеми (сечкани)

110 г путер (омекнат)

500 г павлака / крем сирење (со висока масленост)

130 г шеќер

2 јајца

2 лажици брашно

1 лажица ванилин шеќер

300 г џем од малини

100 г кокосови трошки

 Начин на подготовка:

Во пластичен сад за готвење, со помош на виљушка измешајте го брашното (изгмечете го) со 100 грама шеќер, омекнат путер и сечканите бадеми. Тргнете една шолја од растреситата смеса, а остатокот истурете го во плех за печење намачка со малку путер. Со раце истапкајте го тестото. Печете на 175 степени околу 12 до 15 минути.Во меѓувреме, во сад, со помош на миксер изматете ја павлаката со 130 грама шеќер. Додадете јајца едно по едно а потоа и лажичка ванилин шеќер. На крај додадете 2 лажици брашно. Смесата истурете ја врз топлото испечено тесто и повторно печете уште 15 минути. Врз топлата испечена смеса намачкајте од џемот со малина. Остатокот од растреситата смеса помешајте ја со кокосови трошки и посипете врз џемот. Печете повторно околу 20 минути. Оставете го колачот барем неколку часа во фрижидер пред да го исечете.

Напиши коментар