Прекрасниот стан од 42 метри квадратни, кој се наоѓа во Сан Франциско, е доказ дека убавината лежи во совршено одбраните детали.
Декориран е со интересни послужавници, сувенири, свеќници и свежо цвеќе во пастелни бои кои му даваат доза на шарм и хармонија.
Мебелот не е претерано модерен, но со добро одбраните перници и прекривки делува топло и совршено удобно за зимските денови.
Дневната и спална се споени во една соба, која креативно е одлично комбинирана и одвоена од останатиот простор.
Добро разгледајте го овој минијатурен стан, можеби ќе пронајдете некоја идеја и инспирација која ќе го освежи вашиот мал простор.