Убавина

Хранливи третмани за тело од јаболко

Освен шо е важно за исхраната, јаболкото, се користи и во козметичката индустрија и многу се користи како додатна состојка во производите на козметичката индустрија.  Некои маски, лосиони, и купки можете да ги направите сами, погледнете како….

Јаболкото е кралица на овошјето. Избилува со витамини, минерали, и овошен шеќер кој организмот го абсорбира. Во зависност од видот , јаболката во просек содржи околу 90г вода. Богата е со витамини А, Б група, Ц, Е, како и калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо. Ова овошје изобилува со јаглени хидрати кои на организмот му даваат енергија и го отстрануваат заморот. Освен што е важно за исхраната, јаболкото се користи и во козметичката индустрија и е честа состојка на многу производи за нега, како маски, лосиони, купки, кои можете да ги направите и сами дома.

Еве неколку предлози:

Лосион за чистење на масна и кожа со акни.

Измешајте 100гр кора од кисела јаболка, 200гр изрендана кисела јаболка, 100гр шеќер, пола литар вода. Сипете во шише и затворете добро. Чувајте го на топло 7 дена. Потоа процедете и  чувајте ја течноста во фрижидер до употребата. Со овој лосион можете да ја чистите кожата 3 пати дневно.

Маска за масна кожа

Намачкајте ја кожата со јаболков оцет. Додека оцетот се суши на вас, направете пире од јаболки со лажица мед. Од предходниот рецепт искористете лажица лосион и додадете малку брашно за кашата. Маската се нанесува директно на кожата а во топла состојба има подобар ефект. Половина час држете ја на лицето, па исплакнете, прво со млака, па потоа со ладна вода. Потоа нанесете крема за лице.

Маска за кожа со акни

Во пире од јаболко изматете печена главица кромид, лажица мед и малку сода бикарбона. Преку газа нанесете ја маската. Може да се држи подолго оваа маска бидејки е лековита.

За сува кожа

Пире од печени јаболка, со лажица слатка павлака и една жолчка, убаво  измешајте. На свежо исчистено лице, ставете сок од јабволки и оставете да се исуши, потоа нанесете ја маската, додека е топла на лицето, телото, деколтето, вратот и рацете.

Маска за кожа со црвенило

Изрендајте поголемо јаболко и варете во 150мл млеко. Потоа кога ќе се згусне оставете да се излади. Нанесувајте ја, се додека не се повлече црвенилото.

Купки

200гр чај од диви јаболки ставете во сад и прелијте со врела вода. По 10 мин. ставете го чајот во кадата со топла вода. На крајот прелијте се со вода во која ставивте јаболков  оцет.

Напиши коментар