Како би требало да изгледа еден велигденски аранжман? Може да биде едноставно кошница со насликани јајца која ќе создаде весело расположение за празникот. Има и вазни во облик на јајце во кои можете да ставите пролетни цвеќиња или пак да ставите еден цвет во школката од јајцето.
Направете велигденско дрво или композиција од насликани јајца – во форма на пирамида. Земете свеќи во форма на јајца, ставете ги во сад и украсете ги со цвеќе. Друга одлична идеја е да поставите мов на масата и да го украсите со фигури на животни и јајца. Подолу одбравме неколку оригинални идеи кои ќе ве инспирираат како да направите совршени велигденски украси!
























