Од 2016 година вкупната парична вредност на моделот и ТВ лице Кендал Џенер изнесува ни помалку, ни повеќе – 36,6 милиони долари.
21-годишната Кендал својот најзначаен успех го доживеа во ноември 2016 година кога се појави во најпознатото модно шоу на „Викторијас Сикрет“.
Крилјата што младата манекенка ги носеше во таа прилика ја лансираа директно на третото место на листата на „Форбс“ за најплатен модел за 2016 година.
36-те милиони долари на Кендал се резултат на сите бизнис зделки и вложувања на девојката. Така на пример, секоја епизода од серијалот „Во чекор со Кардашијан“ на Кендал и носи 5.000 долари. Заедно со сестра си Кајли покренаа и сопствен бренд на облека и модни додатоци, а поседува и апликација што добро поминува во светот и која и донела дополнителни 5 милиони долари.
Како модел Кендал лани освен за „Викторијас Сикрет“, била ангажирана и од „Есте Лодер“ и „Келвин Клајн“. Овие ангажмани и донеле вкупно 10 милиони долари, што е за 150 отсто повеќе од 4 милиони долари – сумата што како манекенка ја заработила во 2015 година.
Не треба да се заборави и дека Кендал е една од најплатените лица и на социјалните мрежи.