← НАЗАД НА БОЗА

Инспиративни идеи од раскошните домови на познатите

Инспиративни идеи од раскошните домови на познатите
388 Читања

Раскошно декорираните домови на богатите и познатите се далеку од визија за едноставен стил, но некои елементи од нивните соби може да ги вметнете и во вашиот поедноставен дом – во однос на комбинациите на бои и детали, органзирањето на просторот, распоредот на мебелот… На пример, украдете ја пудресто сината боја од трпезаријата на Ози и Шерон Озборн, но изоставете го гломазниот лустер во стилот на 18 век. Внесете во дневната модернистички златни масички, но не претерувајте да ги комбинирате со различни стилови како што тоа го направиле модните креативци Џонатан Адлер и Сајмон Дунан. Ставете впечатливо парче мебел во просторот, како оваа клуб-масичка во боја на циклама од дневната соба на Елтон Џон, ама без фотелјите со јамболија ефект. Украдете идеи за организирање на гардеробата од гардероберот на модната дизајнерка Нанет Лепор, дури и кога не можете да си дозволите цела соба само са облека и облекување. Заворената тераса претворете ја во зимска градина, но не со големина како онаа на Валенино Гаравани.

1

Ози и Шерон Озборн – трпезарија во бои на облак

2

Џонатан Адлер и Сајмон Дунан – грандиозна дневна соба во микс од повеќе стилови

3

Елтон Џон и Дејвид Фурниш – соба за релаксирање во groovy-стил од 60-тите

4

Кортни Кардашијан – дневна соба инспирирана од „Алиса во земјата на чудата“

5

Нанет Лепор – гламурозна соба-гардеробер

6

Вил Смит – „кралска“ спална соба

7

Дајан фон Фурстенберг – спална соба инспирирана од сафари

8

Валентино Гаравани – затворена градина

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk