Еднојајчаните близнаци се одраз во огледало еден на друг, отисоците на прстите и забите е различен но имаат потполно иста ДНК.
1 од 250 бремености завршува со еднојајчани близнаци.
Во светот има повеќе машки близнаци отколку женки близнаци. Но женските близнаци доминираат кога станува збор за тројки.
Јазикот на близнаците се нарекува Идиоглосија. Близнаците имаат сопствена комуникација за која не се ни свесни а која со растењето и со социјализацијата во општеството се заборава.
Доколку жената еднаш роди близнаци следната шансите во следната бременост да носи близнаци се 1 спрема 70,000.
Секоја 85 бремена жена во светот носи близнаци.
Секоја 125 бремена жена во Азија носи близнаци.
Веројатноста да носите близнаци е само 3 проценти.
Жените кои ќе родат близнаци живеат во просек 9 години подолго од другите мајки.
Во Кина скоро да нема близнаци.
Околу 4 проценти од вкупната светска популација се близнаци.
Во светот годишно се раѓаат околу 5 милион близнаци.
Повеќе близнаци се раѓаат во руралните области отколку во градовите.
Близнаците во живеат во просек 12 години пократко.
Статистиката покажува дека постарите и покрупните мајки имаат поголеми шанси да зачнат близнаци.
22 проценти од близнаците се леваци.
Во 2008 година германско семејство доби близнаци со различна боја на кожата, едното е бело, другото црно. Таткото е Германец , а мајката е од Гана.
Според последните истражувања, нациите и народите кои при исхраната консумираат поголемо количество на месо шансите за зачнување на близнаци се за 38 проценти поголеми.
Во Индија постои “село на близнаци”. Во селото живеат повеќе од 70 парови близнаци. Од година во година нивниот број постојано се зголемува. Секој пар близници зачнуваат близнаци. Овој феномен сеуште нема научно објаснување, но жителите на селото си имаат и велат дека ова дело е на богот Рам кој имал близнаци.
