Bridal

Интересни фризури за денот на свадбата

Предлог препорака:

Не го менувајте вашиот фризер, ден пред венчавањето.

За тој ден никако не се користат, пренападни шминки и фризури. На тој ден треба да изгледате , нежно, негувано и мило.  Венчалната фризура треба да се прилагоди и на фустанот, на вашата личност, природа и секако на обликот на лицето исто и на должината на косата. Со оглед и на тоа дека цела вечер ќе играте , па според тоа одберете фризура која ќе ви биде пријатна но и која ќе биде постојана така што нема да ви претставува пречка во уживањето.

Се разбира, на време ќе го известите вашиот фризер и ќе ги прецизирате деталите и намерите околу идеите за фризурата и терминот.  Украсите на косата исто така требаат да бидат прилагодени со вашиот фустан и со целиот стајлинг. А мотото што помалку тоа подобро, е важен заклучок кога се потребни дефиниции која техника треба да ја примените за да изгледате совршено. Секако избегнувајте многу детали при украсувањето.

Нормално, никако не одете на нов фризер, пред венчавката, и не ја менувајте  бојата, ниту да ја скратувате. Едноставно, одете кај фризерот кој најдобро ја познава и одржува вашата коса. И едноставно препуштете се и релаксирајте се. Успехот е загарантиран.

А за обликот на фризурата вие сте газди. За сè се слуша вашата одлука, бидејки вие сте главни.  Секако најважно е вашето задоволство.

И секако, не забораваје, ова  е миг во кој сè треба да биде насочено кон вас, ова е ваш ден и треба да уживате пресреќни во него.

Уживајте:)

Ова се нашите предлози:

Напиши коментар