Ако планирате длабински да ги перете валканите теписи, употребете сода бикарбона. Постои начин како да се решите од непријатниот мирис и вашиот тепих повторно да заблеска.
Прво треба да земете шампон за теписи и да го помешате со топла вода. Направете го тоа спрема упатството на шампонот. Во смесата додадете 2 шољи сода бикарбона, 20 капки етерично масло од лаванда, 8 капки етерично масло од рузмарин и половина шоља оцет. Се’ добро промешајте за состојките да се растопат.
Земете четка за рибање и добро истријте го тепихот. По триењето, вашиот тепих ќе биде темелно испран и ќе мириса свежо. Обидете се само да не го мокрите многу, за побрзо да се исуши.