Во последно време станува модерно да се носат невестински фустани во боја, различни од “традиционалната” бела. Чисто нов тренд? Не. Вистината е дека во поголемиот дел од историјата женските свадбени тоалети воопшто не биле бели како снег. Често дури и не биле во светли тонови.
Едно време повеќето дами воопшто немале можност да купуваат фустани што ќе ги облечат еднаш во животот. Наместо тоа се мажеле во најубавиот фустан кој веќе го имале- оној со кој оделе во црква, на пример. Не било реткост невестата да носи и црно, особено кај скандинавските народи.
Сепак, некои бои се избегнуваат, на пример зелената – се сметало дека таа носи лоша среќа. За сметка на тоа, сината боја претставувала особено популарен избор. Прво, затоа што симболизира побожност, верност и чистота. Второ, затоа што во неа дамите не си личат многу и може да се носи подолго време.

За невестите од високото општество исто така не била важна конкретната боја на фустанот. Бидејќи тие го претставувале целото семејство на свадбата. Најосновното било тоалетата да ја демонстрира добрата материјална положба. Невестинските фустани се шиеле од најскапите ткаенини, често вклучувале слоеви од кожа, свила и кадифе.
Денес многумина сметаат, дека венчаницата е бела, за да ја означи невиноста на невестата. Ова не е вистина – како што веќе рековме, слична функција имала и сината боја. Оттаму останува и верувањето дека невестата треба да носи “нешто сино” за време на склучувањето на бракот. Што се однесува до белата тоалета, таа дошла на мода не заради некакви конкретни верувања, туку поради една единствена личност.
Во 1840 година британската кралица Викторија се омажила за својот братучед Алберт Сакскобурготски во бел фустан. Токму тоа ги инспирирало богатите дами да го кажат големото “Да”, облечени во бело.

Се разбира, сето кажано до тука се однесува до свадбената култура на западните општества. Во Кина, Индија, Пакистан, Тајван и Виетнам, на пример, традиционално е невестите да носат црвена облека. Според културата на Истокот, тоа е бојата на среќата и благосостојбата.
Во Јапонија е популарно невестата да смени три или повеќе фустани за време на церемонијата. Понекогаш користат бело кимоно, бидејќи во земјата белата боја се смета за боја на смртта, а мажената жена станува “мртва” за семејството. Невестата ја соблекува оваа облека и одоздола ја покажува новата која ја симболизира нејзината реинкарнација во семејството на мажот.

