Motherhood

Истражување: Две девојчиња комбинација од соништата

Не можеме да му влијаеме на полот на детето, а повеќето родители се согласуваат дека тоа не им паѓа на ум кога засноваат семејство. Сепак, група британски истражувачи откриваат дека бројот и полот на детето, влијаат на семејството и неговата динамика…

Во истражувањето учествувале скоро 2.200 семејства со различни комбинации на бројот и полот на семејството. Родителите кои учествувале имале најмалку едно, а најмногу четири потомци. Вкупно имало 12 различни комбинации на бројот и полот на децата, а задача на родителите била да го проценат мноштвото категории поврзани за живот со децата, помеѓу останатото, потребната грижа за децата, нивното сложување и однесување.

Резултатите биле повеќе од интересни.

Најдобри проценки во сите категории дале родителите кои имале две ќерки, а потоа оние со момче и девојче. На трето место се нашле семејствата со две момчиња, а последно место зазема семејството со четири девојчиња.

Семејствата со две девојчиња се покажале како најсложни, бидејќи девојчињата најмалку се расправаат, убаво си играат заедно и пријатно е да се биде со нив. Ретко се гласни, често се доверуваат на родителите и ретко се игнорираат или провоцираат. Добро се согласуваат и имаат претежно слични интереси, грижи и проблеми, што доведува до меѓусебна помош. Исто така, повеќе им помагаат на родителите во обавувањето на куќните обврски, што родителите ги прави горди. Слично е и кај семејствата со момче и девојче. Главната разлика која родителите ја наведуваат кај машко – женската комбинација е сé помалку слични интереси низ процесот на растење, што води кон помала близина.

Секако дека очекувани се резултатите во врска со фактот дека семејствата од четири деца се најмалку складни, а и одговорноста кон нивното воспитување потешка. Потешко е работите да им се објаснат, а да ги разберат на ист начин, секогаш има гужва кога се подготвуваат за излегување…

Сепак, родителите со три или четири деца изјавуваат дека кога повторно би засновале семејство, не би се одлучиле за помал број на деца…

Напиши коментар