Колку пати ви се случило да не можете да дочекате да се исуши првиот слој од лакот и поради нестрпливост или немање време да го уништите лакот на ноктите. На овој проблем дојде крај благодарение на само една состојка од вашата кујна, која ќе ви помогне да го исушите лакот за една минута и притоа да ја нахраните кожата на рацете.
Состојки:
-1 чашка ракија
-малку маслиново масло
Подготовка:
-Во чашката со ракија додајте го маслиновото масло
-Намачкајте ги ноктите со смесата и оставете да отстои една минута
-После една минута маслото втријте го во кожата на рацете и оставете да делува неколку минути
-На крај, нанесете малку крем за раце и убаво намачкајте ги рацете.