Маслото од мајчина душичка според истражувањата долгорочно влијае на менструалните болки кај жените. Докажано е дека маслото всушност не делува само во смирување на болките моментално туку и долгорочно влијае и ја решава и самата причина за настанувањето на болките. Во истражувањето учествувале жени кои имаат многу болна менструација и на различни години.Тие биле поделени во три групи на кои на едните дадена им е пилула против болки, на втората група масло од мајчина душичка а додека на третата само пласебо пилула.
Резултатите биле дека пилулите против болки само моментално ги намлауваат болките додека маслото од мајчина душичка влијаело на намалување на болките и во понатамошните циклуси.
Мајчината душичка е позната по своите антисептички и антиоксидациски состојки а и покрај многубројните минерали и витамини во неа содржи и тимол кој е доста моќен антисептик и антибиотик.