Cafe Del Mar

Јаболка диета: Ослободете се од вишокот на килограми со најздравите намирници

Диетата со јаболка е наменета за оние кои на здрав начин сакаат да се ослободат од вишокот на килограми. Овој начин на исхрана подразбира три оброци дневно пред кои морате да изедете по едно јаболко и две лесни ужини.

Дневното мени содржи многу малку јаглехидрати и сосема доволно протеини, кои докажано го намалуваат апетитот.

Сами одредете го менито со помош на следните препорачани намирници:

Овошје, сушено овошје, свежо сирење, јогурт, јајца, пилешки стек, телешко, риба, интегрален ориз, овесни снегулки, броколи, крафиол, моркови, блитва, спанаќ, свежа зелена салата и домати.

Важно е да избегнувате благо, а доколку почувствувате силна желба за него, изедете еден ред темно чоколадо.

Пример на дневно мени:

Појадок : Јаболко (пред оброкот), омлет и овесни снегулки со млеко.

Ужина: Една чаша свежо сирење и или јогурт со помалку маснотии.

Ручек: Едно јаболко, 2 парчиња печено пилешко, варени броколи, 2 шепи интегрален ориз.

Ужина: Овошје или врен зеленчук по избор, голема чаша јогурт.

Вечера: Јаболко, лосос или роба на скара и салата по желба.

Напиши коментар