← НАЗАД НА БОЗА

Јогурт диета

Јогурт диета
26 Читања

Оваа диета трае само три дена и освен што со неа ќе стопите масни наслаги, ќе успеете и да го исчистите организмот од разни токсини кои се наталожиле во вашиот организам.

Прв ден

Појадок: Консумирајте обезмастен овошен или обичен јогурт со овесни снегулки.

Ручек: Во маслиново масло продинстајте зеленчук и на крај помешајте го со варен ориз, додадете малку сол и бибер, а за десерт земете овошен јогурт (се разбира тој да биде со мала масленост).

Вечера: Исечкајте еден морков, јаболко и 50 грама шунка, сето заедно пропржете го во маслиново масло и врз него прелијте јогурт.

Втор ден

Доручек: Измешајте краставица исечена на коцки со јогурт

Ручек: Мисиркино месо исечкано на коцки на кое ќе му додадете малку сол и бибер пропржете го накратко во маслиново масло и додајте му печурки, домати и пиперка. Кога сето тоа ќе омекне додадете јогурт.

Вечера: Две чаши јогурт прелијте врз некое овошје (киви, праски, круши,…).

Трет ден

Доручек: Исечете на парчиња сирење, јаболко, додајте малку цимет и сето ова прелијте го со јогурт.

Ручек: Испечете 150гр. филе од ослиќ со салата од сечкана краставица со јогурт и малку сенф.

Вечера: Сварете 100гр. тестенини и додадете една исечкана пиперка, едно варено јајце. Се заедно се меша со јогурт .

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk