Кафето во помали количини држи континуитет и може да им помогне на тинејџерите и студентите при учењето, но, поголеми количини создава несоница и намалување на концентрацијата.
Секојдневното пиење на големи количини кафе, доведува до хроничен замор и слабеење на отпорноста на организмот при стресни ситуации.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама Шеќер во прав
100 грама Шеќер
150 грама Путер
300 грама Кекси
1 Кафе филџан
1 лажица Какао
1 Жолчка
1 голема лажица Шеќер во прав
Време за подготовка: 15 мин.
Време за готвење: 30 мин.
ПОДГОТОВКА:
За кората (или црната смеса): во подлабок сад промешајте ги мелените кекси, шеќерот и какаото, па додавање на процеденото кафе замесете убава компактна смеса.
Расукајте ја смесата на фолија или хартија за печење со дебелина од околу 5 мм.
За филот: пенесто изматете го путерот со шеќерот, додадете ја матената жолчка и добро соединете.
Со филот (или белата смеса) премачкајте врз кората и завиткајте ролат.
Оставете го ролатот неколку саати во фрижидер, па пред самото послужување сечете го на кришки.