Кајли Џенер сега има свое реално шоу, кое се вика Life With Kylie, а во него призна дека сериозно не знае што значи да имаш нормален живот.
„Кога ќе пораснеш пред камерите, луѓето мислат дека те познаваат. Не сум одбрала сама ваков живот, но нема да се одречам од истиот. Не ми се допаѓа фактот колку внимание е насочено кон мене, но сето тоа знам да го потенцирам со своето однесување и објавувањето фотографии на социјалните мрежи“, вели Кајли во првата епизода од шоуто во која сними разговор со терапевтката.