И, додека избледените и оштетените делови од облеката, понекогаш се дел од модата, можеби сепак не сакате да изгледаат како да сте ги купиле во 1990 година. Еве неколку совети за тоа како црните и темни алишта ќе изгледаат како нови.
Кафе или чај – за црна облека, се додаваат две чаши кафе или црн чај во машината за перење
Сол – на темни бои како темно сина или виолетова, додадете 1 чаша сол во машината за перење
Оцет и сол – за да се спречи брзото избледување на фармерките, натопете ги во солена вода во која ќе додадете бел оцет, и тоа во однос на 50:50 оцет-вода, за време на првото перење. Свртете ги фармерки пред да ги ставите во машина за перење, а наместете ја програмата на машината на ладна вода.