Добивте преубав букет и веднаш го ставивте на видливо место за секој пат кога ќе го погледнете да извлече насмевка на вашето лице. Меѓутоа, свежото цвеќе не може долго време да остане такво. Пронајдовме неколку интересни совети како подолго да го задржите букетот.
Пред да го ставите цвеќето во вазна, засечете ги стебленцата на косо. Тоа направете го со ножици за градина или обичен кујнски нож.
Во вазната со вода ставете две лажички оцет и две лажички шеќер и на тој начин вашиот букет уште долго време ќе изгледа како свежо набран.
Во вазната може да ставите и аспирин кој претходно сте го здробиле, но може да се послужите и со сода бикарбона.
Менувајте ја водата во вазната секој втор ден за да не се запушат порите на стебленцата.
За да останат булките подолго време свежи, откинете ги листовите од цвеќето, но кинете ги полека со прстите за да не се оштети стебленцето.