Вилушките, лажиците, ножевите и останатиот прибор за јадење изработен од сребро и никел, како и сребрениот накит, можете да го исчистите на многу брз и едноставен начин.
Потребен ви е еден сад,
2-3 лажици сода бикарбона и
алуминиумска фолија за домаќинство.
Го правите следново :
1 . Искинете ја фолијата на повеќе парчиња и прекријте го дното на садот.
2 . Врз фолијата ставете сода бикарбона.
3 . Ставете ги лажиците, вилушките и останатиот прибор во садот.
Сето тоа полијте го со вриечка ( обавезно вриечка ) вода. Избројте до пет и пред вашите очи буквално ќе се стори магија! Сета нечистотија од вилушките, лажиците и ножевите ке ја снема, а сребрениот накит повторно ќе сјае во својот полн сјај!
