← НАЗАД НА БОЗА

Како да го научиме детето да заспива само?

Како да го научиме детето да заспива само?
39 Читања

Факт е дека многу деца не сакаат да заспиваат сами. Навикнале родителите да бидат постојано околу нив. И ако родителите ги нема за кратко, детето се буди и целиот процес треба да започне одново. Освен тоа, ако детето се разбуди во текот на ноќта и не најде возрасен во собата – тоа може да биде вистинска трагедија!

Затоа многу од родителите кои уште во првите месеци не го научиле бебето да заспива само, сериозно се загрижени за прашањето како сепак ќе го научат да заспива и спие само.

Волшебна рецепта не може да биде дадена, но ние ќе пробаме да ви дадеме некои совети, кои ќе ви помогнат.

На прво место за да се научи детето да заспива само, овој процес треба да се одвива постепено. Пробајте со мали трикови.

Прочитајте на малото приказна и потоа замолете го да полежи малку додека се вратите. Најверојатно нема да ве дочека и ќе заспие. Понекогаш детето прашува: „Може ли уште една?“. Можете да се согласите но при услов после тоа да излезете од собата.

Ако немате време да читате приказна, купете аудио приказни за деца, сега насекаде ги има и има огромен избор. Можете да му пуштите нежна музика или приспивна песна – сето тоа ќе го релаксира нервниот систем на детето и ќе го расположи за сон.

Понекогаш добар трик е да го натерате да се чувствува како возрасно, например: „Ајде да видиме колку си голем: Можеш ли да заспиеш без мене?“

Децата сакаат да ги имитираат возрасните. Предложете му да си игра со неговата омилена играчка, односно дајте му задача да ја успие. Можете да предложите да ги набљудува стрелките на часовникот и дека кога ќе бидат двете стрелки например на 11, ќе се вратите за да проверите дали заспала играчката.

Во краен случај, ако детето во никој случај не прифаќа да биде само и вие чувствувате дека тоа е само каприз, можете да покажете извесна строгост. За да се чувствува детето комфортно и спокојно можете да ја оставите лампата вклучена или да ги оставите вратите од спалната и детската соба отворени.

Техниките можат да бидат многу – се зависи од вашето трпение. Зошто е толку важно? За да може кај детето да се формираат навики токму сега кога се формира и карактерот. Не го лишувајте од од таквата неопходност.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk