Убавина

Како да го откриете типот на кожа и да обезбедите најдобра нега

Откривањето на типот на кожа е клучно за утврдување на видот на нега. Не постои универзален режим за нега на кожата кој одговара на сите типови кожа. Сами проверете каков тип на кожа имате и каква нега треба да преземете.  

  • Ако ја чувствувате Вашата кожа многу затегната и рапава по целото лице, тогаш се одредува како сува.
  • Кожата со сјајна текстура е склона кон создавање акни и може да се класификува како масна.
  • Нормалната кожа е мазна, без проширени пори и неправилности.
  • Кожа која сјае во Т-зоната со склоност кон избувнување, а останатиот дел е сув, е комбинирана кожа.
  • Треба да запаметите дека сите овие типови на кожа исто така може да се класификуваат како чувствителни.

Ако не можете да го откриете типот на вашата кожа со набљудување, исто така може да направите тест со хартиено марамче. Измијте го лицето со лосион за чистење за да ја отстраните нечистотијата, маснотијата и шминката и исушете ја со тапкање. Почекајте еден час додека ги извршувате редовните работи, но избегнувајте да го допирате лицето. Потоа, лесно допрете го лицето со хартиено марамче, особено обрнувајќи внимание на Т-зоната. Погледнете го марамчето. Ако на него има масни остатоци, вашата кожа е масна, ако има ситни лушпи од сува кожа на марамчето, во тој случај имате сува кожа, доколку нема никакви остатоци – кожата е нормална. Комбинираната кожа покажува особини на трите споменати типови кожа.

Напиши коментар