Прекумерното користење на ацетон може да предизвика главоболка, иритација на очите, гушење и мачнина. Постојат неколку начини како да ги одморите ноктите од ацетон, а притоа да не престанете да ги лакирате.
Чаша со топла вода
Наполнете една чаша со топла вода и ставете ги прсите во неа. Почекајте 15 минути, а потоа со сува крпа тријте ги ноктите додека да го отстраните лакот.
Нанесете нов слој на лак
На веќе постоечкиот слој нанесете уште еден одозгора. Новиот слој ќе го омекне стариот лак, затоа земете памук и убаво исчистете ги ноктите.
Дезодоранс или лак за коса
Земете памук и на него нанесете дезодоранс или лак за коса и истријте ги ноктите. Потоа измасирајте ги ноктите со лосион за тело.