Motherhood

Како да го смирите хистеричното плачење на Вашето најмило ?

Вриштење, хистерично плачење и потполно не контролирано однесување се познатите епизоди на секој родител. Родителите најразлично реагираат на ваквото однесување на детето, од игнорирање до моментално задоволување на секое барање на детето. Без разлика кај се наоѓате во моментот кога детето има напад на бес поради некоја забрана, Вие не можете да останете сталожени и да реагирате на правиот начин. Не само што се чувствувате дека сите ве оценуваат и Ви судат дека сте лош родител, туку и самата ситуација е многу стресна и за Вас и за Вашето најмило.

Зашто се случува сето ова?

Во периодот од една до три години, децата на таа возраст проаѓаат низ многу брз психолошки развој. Тоа е периодот кога тие усвојуваат бројни психо-моторни вештини, го учат јазикот, усвојуваат нови начини на решавање на проблемите, а сето тоа го збунува детскиот ум. Всушност тој брз развој е вистинската причина за фрустрациите кои понекогаш завршуваат со напад на бес. Новите искуства ги покренуваат емотивните, инстиктивните примарни реакции.

Што да се стори?

Прочуениот Американски педијатар доктор Карп, чија книга „Најсреќното бебе“ стана основната готово неизоставна литература на полиците на брачните парови кои чекаат бебе или само што го добиле. „Најсреќното бебе“ не само што се занимава со бременоста и првите денови во развојот на бебето, дава и одговор на прашањето како да се реагира во моментите на хистерично однесување на децата.

Имено во книгата се советуваат родителите при хистерична ситуација на нивното дете да не заземаат рационален метод да ја решат ситуацијата, туку практичен начин. Карп им предлага на родителите да го кажат она што детето сака да го чуе. Тоа подразбира ментално и физичко спуштање на ниво на детето кое е вознемирено. Целта не е да попуштите и да го дозволите она што го бара детето туку да искомуницирате со него на негов начин.

Користете ги следниве техники:

Повторувајте ги истите зборови кои ги употребува детето.

Користете кратки фрази со многу повторувања

Имитирајте ги движењата и гестикулации на детето.

На пример во ситуација кога Вашето дете ќе има напад на бес во продавница, заради тоа што не сте му купиле мастика, детето ќе почне да вришти „САКАМ, САКАМ САКАМ СЛАДОЛЕД!!!“ . Доколку пробате да го смирите со „Злато мое, не може сега сладолед не си јаден“ таквиот одговор сосема сигурно ќе ја влошите и така страшната ситуација.

Она што треба да го направите е да ги изговорите истите зборови кои ги користи дедето со истиот интензитет „САКАШ, САКАШ, САКАШ СЛАДОЛЕД, СЕГА ВЕДНАШ“.

Можеби овој пристап не е логичен но ги дава посакуваните ефекти. Детето моментално се смирува, и често се случува детето да заборави која му била желбата. Вие може ќе изгледате како мало кенкаво дете но доколку неколку пати ја повторите оваа техника резултатите се неизбежни. Стресните ситуации минимални а Вашето дете ќе биде среќно смирено дете.

Напиши коментар