Art & Crafts

Како да исчистиме ѓезве за кафе со Кока Кола?

Сите сме свесни дека Кока колата не е баш најздравиот пијалок, но сепак е еден од омилените. Исто така сме сигурни дека многумина од вас се запознати со фактот, дека овој пијалок има широка примена во домаќинството- ги чисти скоро сите површини. Денес ви предлагаме како на наједноставен начин да исчистите ѓезве за кафе од талог и од бигорот со помош на обична Кока Кола. Ако случајно вашето ѓезве се нашло во ваква состојба, не очајувајте. Ќе го исчистите и вратите во првобитна состојба со помош на Кока Кола.

Ставете Кока Кола во празно ѓезве и оставете ја да преноќи. Следното утро испразнете го ѓезвето и истријте го малку со жица за миење. Можете да додадете малку сода бикарбона. Сета нечистотија и бигорот ќе ги снема и ќе се врати првобитниот сјај на ѓезвето.

Напиши коментар